Кифлички меки како душа
  1. Пред да почнете со подготовка на кифличките, погрижете се сите потребни состојки да бидат на собна температура.

  2. Загрејте го малку млекото и ставете го квасецот со малку шеќер и брашно да надојде.

  3. Во еден длабок сад, просејте го брашното и додадете ги јајцата, зејтинот, шеќерот, солта и надојдениот квасец со млекото.

  4. Замесете убаво мазно и меко тесто што нема да се лепи за рацете.

  5. Покријте го садот со тестото со крпа и оставете го на топло место убаво да нарасне.

  6. На намастена површина, извадете го тестото од садот и поделете го на 4 еднакви делови.

  7. Од секој дел посебно расукајте по една кружна кора.

  8. Кората намачкајте ја убаво со путер.

  9. Сечете со нож за тесто на 12 или 16 делови.

  10. Секој дел виткајте го во кифличка и ставајте ги во подмачкан плех.

  11. Оставете ги така во плехот повторно убаво да нараснат.

  12. Во меѓувреме вклучете ја рерната на 180°Ц да се загрее.

  13. Нараснатите кифлички намачкајте ги со изматено јајце и посипете ги со сусам.

  14. На секоја од нив ставете по едно мало парче маргарин.

  15. Се печат околу 25 мин.

Course🍰Dessert

Diets🥕Vegetarian...

Category🥐Pastry

CuisineBalkan

Occasions🎉Celebration📆Everyday

Season🔁Year-round

DifficultyMedium ⏰ 1h

Loading...