Мекици
  1. Во длабок сад просејте го брашното.

  2. Додајте ги квасецот, шеќерот и солта.

  3. Налејте вода и со помош на виљушка или дрвена лажица промешајте ги сите состојки додека не добиете меко тесто.

  4. Ставете го тестото во длабок сад и покријте го со кујнска крпа.

  5. Оставете го да стаса на собна температура од 70 до 90 минути.

  6. Откако тестото ќе стаса, намастете ги рацете со масло за јадење и измесете го во садот.

  7. Во големо тенџере, загрејте масло за јадење на средна температура.

  8. Со намастени раце земајте дел по дел од стасаното тесто и обликувајте мекици.

  9. Пржете ги околу 2-3 минути од секоја страна додека не добијат убава златнокафена боја.

  10. Ставете ги готовите мекици во сад обложен со хартија за да се впие непотребната мрснотија.

  11. Послужете ги со сирење, јогурт, шеќер во прав или џем од јагоди.

Course🥞Breakfast

Diets🥕Vegetarian...

Category🥞Breakfast

CuisineBalkan

Occasions🥐Brunch📆Everyday

Season🔁Year-round

DifficultyEasy ⏰ 30m

Loading...