Се потквасува една коцка квасец со една супена лажица шеќер и една супена лажица сол.
Потоа добиената смеса се меша со еден килограм брашно и вода по потреба.
Откако тестото убаво ќе се замеси, се остава еден час за да нарасне.
Потоа тестото се дели на пет помали и еден поголем дел.
Сите делови се сукаат многу тенко со дебелина од околу 1 милиметар.
Секоја сукана кора се остава на еден простран чаршав да се исуши.
Најголемиот дел од тестото се расукува во поголема дебелина и покриен се става врз еден плех.
На помалите кори се распоредува иситнето сирење и се посипуваат со зејтин.
Потоа се собираат и се редат во поголемата кора.
Се редат почувајќи од краевите на плехчето кон внатре.
На крај со краевите на поголемата кора се покриваат и замотуваат помалите кори.
Во средината се става малку запржениот праз со сирење и одозгора се посипува со брашно.
Се остава еден час да стаса, а потоа се става да се пече на 250 степени Целзиусови.
Откако ќе се испече, се вади од рерната и се полева со 100 грама зовриена вода со зејтин и пак се става во рерна да се допече уште 10 минути.
