Делкаме цвекло, кромид, моркови и пиперка на коцки и ги оставаме на страна.
Сецкаме говедското месо на коцки, посолуваме и фрламе бибер.
На јак оган и загреано масло ги закафенуваме коцките месо 3-5 минути.
Во истиот сад го запржуваме кромидот, морковот и пиперката, а по 5 минути и цвеклото.
Го враќаме месото и наводнуваме со литар и пол врела вода со растворени бујон-коцки.
Намалуваме на среден оган и оставаме да крчка 45 минути до 1 час.
При крај сецкаме зелка, магданос и свеж копар и динстаме уште 10-тина минути.
Сервираме со голема лажица павлака и гранче од свеж копар.
